Финскиот стручњак Туомас Исало од минатата недела е привремен тренер на Мемфис Гризлис откако франшизата од Тенеси неочекувано му додели отказ на Тејлор Џенкинс.
Исало е добро познато име во европската кошарка бидејќи претходните две сезони имаше големи успеси со Телеком Бон и Париз. Со германскиот тим триумфираше во ФИБА Лигата на шампионите, а со францускиот во Еврокупот и го внесе во Евролигата по што функцијата му ја предаде на Тијаго Сплитер. Успесите на Финецот се тесно поврзани со македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој играше под негово водство и во Бон и во Париз, а Исало открива како токму плејмејкерот му дал една генијална идеја која била снова за најдобрите резултати во неговата кариера.
„Ти Џеј Шортс ми рече дека смета дека мобилните телефони се најглупава работа во светот. Така, во еден период од сезоната, донесовме одлука да не ги користеме телефоните кога сме на заеднички собир, без разлика дали е период пред тренинг, на состанок или во карантин, генерално во тренинг базата. Излезе дека тоа е значаен фактор за нашите успеси. Ако не сме фокусирани, не можеме да бидеме ефикасни“, откри Исало.
Патиштата на Шортс и Исало се раздвоија минатото лето, но не е исклучено повторно да се спојат, сега во НБА лигата.

