Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс бил на радарот на Црвена Звезда последните две недели, но до негов премин во Белград, сепак, не дошло.
„Црвено-белите“ се мачат со проблеми на бековските позиции, побарале Шортс да дојде на позајмица до крајот на сезоната, нешто слично како Филип Петрушев минатата сезона, ама преговорите биле неуспешни. Панатинаикос категорично ја одбил понудата од Звезда што е потврда дека Ергин Атаман има големи очекувања од македонскиот репрезентативец, особено сега, кога е повреден Кендрик Нан. Од оваа перспектива може да се разбере и минатонеделната изјава на Чима Монеке кој тогаш рече дека не го сфаќа трансферот на Шортс во Панатинаикос затоа што плејмејкерот таму има многу мала минутажа и не е толку значаен како што беше во Париз.
Дека Звезда навистина бара бекови потврди и тренерот Саша Обрадовиќ кој затекна исклучително тешка ситуација со играчкиот кадар откако дојде на местото на Јанис Сферопулос.


