Сосема очекувано, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс се најде во најдобрата петорка на Еврокупот, објавена денеска.
Оваа сезона, плејмејкерот на Париз дури пет пати беше прогласуван за играч на колото, вклучувајќи го изборот во четвртфиналето и полуфиналето од Еврокупот поради што е и најсериозен кандидат за МВП на сезоната. Пред се благодарение на неговите одлични игри, Париз е во финалето од второто по квалитет европско натпреварување каде ќе се сретне со уште еден француски тим – Бурж.

Покрај Шортс, во идеалната петорка се избрани уште Тревион Вилијамс од Улм, Гејб Оласени и Мет Морган од Лондон Лајонс и Ајзеа Мајк од Бурж.


