Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е прогласен за МВП на десеттото коло во Евролигата и тоа е негово второ вакво признание оваа сезона.
Плејмејкерот на Париз ја заслужи наградата со фантастичното издание против Барселона, а претходно ја доби во петтото коло, по дуелот против Монако. Синоќа во Блауграна, Шортс блескаше со 24 поени, 9 асистенции, 3 украдени топки и 11 изнудени лични грешки за индекс 36, убедливо највисок на натпреварот. Неговата игра дополнително добива на значење ако се знае дека ваква статистика оствари против тимот кој до ова коло беше лидер на табелата во Евролигата.
За разлика од петтото коло, сега Шортс го подели признанието со францускиот репрезентативец Тео Маледон од Асвел кој имаше одличен настап против Црвена Звезда.


