Денеска од 17:15, европскиот шампион Шпанија го игра најважниот натпревар во борбата за пласман во топ-8 од Олимписките игри, но селекторот Серџо Скариоло се соочува со многу проблеми.
Неизвесен е настапот на двајца исклучително важни кошаркари во тимот Санти Алдама и ветеранот Руди Фернандес кои се повредени. За повредата на Алдама нема информации, додека Фернандес влече последици од судирот со Хуанчо Хернангомес на дуелот со Грција по што имаше вртоглавици и мораше да биде однесен во соблекувална. Алдама беше најдобар шпански кошаркар на првите два натпревара од Олимписките игри, а Руди иако 39 години е мошне значаен со своето искуство и знаење.
На Шпанија ѝ е потребна победа во дуелот со Канада за да обезбеди пласман во следната фаза од Олимписките игри.


