По 14 години во црвено-белиот дрес, капитенот Бранко Лазиќ денеска официјално ја напушти Црвена Звезда.
Од клубот си оди како носител на еден куп рекорди, вклучувајќи го и оној за најмногу освоени трофеи што во конкуренција на големи кошаркарски имиња какви играле за Звезда, е огромно достигнување и чест. Освои вкупно 25 трофеи од кои седум во АБА, осум во српското првенство, девет во националниот Куп и еден во Суперкупот на АБА.
Во меѓувреме забележа вкупно 838 настапин од кои 290 во европските натпреварувања што исто се клупски рекорди на Црвена Звезда.
Засега не е познато каде Лазиќ ќе ја продолжи кариерата, но со оглед на тоа што има 36 години, не е исклучено да замине во играчка пензија.


