Во период од само два дена, светскиот шампион Германија два пати успеа да ја совлада репрезентацијата на Словенија.
Во петокот тоа го направи во Љубљана, а вечерва пред своите навивачи во Манхајм каде славеше со 80-70. Мечот беше интересен и полн со пресврти, а победникот го одлучи подобрата игра на домаќинот во последниот период.
Словенците доминираа во првиот квартал, но потоа Германија направи серија од 21-0 за водство од 36-19. Следуваше нов пресврт во третиот период, за во последниот Словенија да поведе со 67-60 по што се чинеше дека ќе успее да се одмазди за поразот на домашен терен. Сепак, гостите не издржаа, Германија во финишот постигна 12 поени во низа и конечно го скрши отпорот на Словенците кои на овој меч настапија без Лука Дончиќ.
Шредер, кој го пропушти дуелот во Љубљана, постигна 18 поени, но со лош шут од игра (5/18), а Франц Вагнер додаде 17 поени. Во словенечката репрезентација, Хроват беше прв стрелец со 15 поени.


