Само десетина дена откако се раздели со Шкупи, легендарниот македонски кошаркар Тони Симиќ најде нов ангажман.
Во иднина, тој ќе работи како координатор на младинската школа на Вибас баскет, клуб кој функционира веќе шест годими и има голема база играчи. Симиќ треба да биде од голема помош во развојот на овој клуб со оглед на неговото претходно со младонски екипи и младинските репрезентации на Македонија.

„Ова е нов предизвик во мојата кариера и се радувам на него бидејќи ќе имам можност да работам со врвни професионалци. Заедно ќе се обидеме да го кренеме Вибас на повисоко ниво, а во блиска иднина и да направиме тим кој ќе се натпреварува во сениорска конкуренција“, изјави Симиќ.

Кошаркарскиот клуб Вибас баскет е формиран во 2018 година и во моментов работи исклучиво со млади категории. Во својата школа има околу 120 члена во машка и женска конкуренција и од своето формирање е вклучен во системот на натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија. Сезонава се пријавени екипи во три категории: М14, М16 и М18 мажи, како и мини-баскет во генерациите 2013, 2014 и 2015. Клубот располага со искусен, квалитетен и образован стручен кадар кој поседува лиценци за работа, како и организира и активна младинска школа. Тренинзите на екипите се одвиваат во повеќе училишта на територијата на општините Ѓорче Петров и Карпош.


