Легендата на македонската кошарка Тони Симиќ ќе биде тренер на Шкупи и во Првата македонска лига каде клубот се врати првпат по пауза од пет години.
Тој го презеде чаирскиот тим пред почетокот на минатата сезона и без поголеми проблеми успеа да обезбеди пласман во елитата. Наградата за тоа дојде во продолжување на соработката, па и за Симиќ тоа ќе биде враќање во Првата лига каде порано ги водеше Работнички и Академија ФМП.
Во периодот што претстои, Шкупи ќе го комплетира стручниот штаб, а наскоро треба да почне и со подготовките за новата сезона.


