Маркус Џордан, син на еден од најголемите кошаркари во историјата Мајкл, е снимен како шмрка бела прашкаста материја (најверојатно кокаин) за време на ручек покрај базен, во друштво на својата девојка Ешли Стивенсон и уште двајца пријатели.
Моментот е фатен додека Џордан и неговата девојка се на одмор во Франција. Ова не е прв ваков инцидент на Маркус бидејќи пред 12 години, под дејство на дрога, бил уапсен во Омаха.
Маркус Џордан се обиде да тргне по стапките на татко му и да почне кошаркарска кариера, но не стигна подалеку од НЦАА.


