Поранешниот НБА кошаркар Гилберт Аринас и неговото семејство поминуваат низ тежок период откако 18-годишниот син Алајџа бил одведен в болница во кома, по тешка сообраќајна несреќа.
Сообраќајката се случила денеска, младиот Аринас доживеал тешки повреди и докторите се борат за неговиот живот поради што и го водат во индуцирана кома. Засега се уште нема детали како се случила несреќата.
Алајџа е средношколец и за својот школски тим просечно постигнува по 33 поени и 8,6 скока. Со оглед на тоа што е матурант, идната сезона треба да се пресели на Универзитетот Јужна Калифорнија со кого веќе потпишал договор.


