Највозрасниот син на Перо Антиќ и поранешната одбојкарка Ружица Максимовска, Лука во новата сезона ќе ја стартува својата тренерска кариера.
Академија ИБА денеска објави дека Лука Антиќ ќе биде дел од тренерскиот тим со тоа што ќе работи со најмладите во школата и ќе биде помошник во У16 екипата. Со оглед на тоа што е само 19-годишен, има доволно време да го научи тренерскиот занает и да напредува.
Лука Антиќ тренираше и играше активно повеќе од една деценија, а беше и член на младинските репрезентации на Македонија. Со Вардар и Феникс забележа настапи и во прволигашка конкуренција, но одлучи да стави крај на тоа поглавје и да се посвети на стручниот дел во кошарката.


