Тешкиот старт и финансиските проблеми во кои неочекувано падна Работнички ги предизвикаа навивачите на клубот од Градски парк жестоко да реагираат до управата.
Преку социјалните мрежи, тие поставија неколку прашања, а револтот, односно, како што велат – гневот кај нив е огромен.
„ГНЕВОТ Е НАСЕКАДЕ!!!
Кој дојде ќе се слика, ќе продава магла и од сето тоа само РАБОТНИЧКИ страда. Премногу прашања се поставуваат ама некој не може или не сака на истите да одговори. Одговорете на следните прашања:
- Дали е точно дека генералниот спонзор се повлекол од договорот со КК Работнички ?
- Дали е точно дека наместо 400.000 евра (според договорот) за оваа сезона и 500.000 евра за идната сезона е потпишан некаков си АНЕКС (јавно објавете го исто како што беа објавени делови од договорот) на смешна сума во однос на тоа што следуваше?
- Дали е точно дека средствата наменети за КК Работнички завршија и ќе завршат во други клубови и федерации?
- Дали е точно дека имате неподмирени рати за минатата сезона и кога истите ќе ги исплатите?
Со огромна доза на гнев
Група Гневни Граѓани“, стои во соопштението од Сити Парк Бојс.
Работнички ја почнува новата сезона претстојниот викенд, но претходно ја раскина соработката со еден од странските кошаркари, босанскиот интерннационалец Његош Сикираш што беше предизвикано токму од финансиските проблеми.


