Во врска со последните случувања и сквернавењето на македонското државно знаме, денеска со своја порака се јави и навивачката група на Работнички, Сити Парк Бојс.
На мечот против Пелистер, во рамките на осмото коло од Првата македонска кошаркарска лига, тие истакнаа транспарент со предупредување до сите кои учествуваа во срамниот чин.
„Сонцето што го газите ќе ве изгори“, пишуваше на транспарентот истакна на една од трибините во СРЦ Кале.


