Панатинаикос синоќа го победи Хапоел Тел Авив со 93-82, но натпреварот беше засенет од голем инцидент што се случи за време на паузата помеѓу двете полувремиња.
Во тој момент, навивач на ПАО го удри и навреди сопственикот на израелскиот клуб, Офер Јанаи, кој се најде во многу непријатна ситуација. Атинскиот клуб веднаш се огласи и остро го осуди овој гест, а на неименуваниот навивач му забрани доживотно да присуствува на натпреварите на Панатинатикос.
На навивачот му е одземена сезонската карта, а исто така му е забрането доживотно да влегува во арената „ОАКА“ каде што игра ПАО.
Клубот соопшти дека насилното и расистичкото однесување немаат место во салата на Панатинаикос, нагласувајќи нулта толеранција за инциденти што ја нарушуваат безбедноста и угледот на клубот.


