На 5 септември во Загреб ќе се одржи меморијален натпревар во повод 60-годишнината од раѓањето на Дражен Петровиќ, а на десетина дена пред спектаклот, Хрватска е потресена од голем скандал.
Актуелниот шампион Задар одлучи да не ги пушти своите кошаркари на настанот затоа што во тој период тимот ќе биде на подготвителен турнир во Австрија. Планирано е да се игра меч меѓу репрезентацијата на Хрватска, предводена од Бојан Богдановиќ, Дарио Шариќ и Ивица Зубац, против селекција на светот со Жељко Обрадовиќ на клупата, а Ловро Мазалин и Марко Рамљак од Задар требаше да биде во тимот на „коцкестите“.
Веста дека тие двајца, сепак, нема да бидат на располагање ја објави Александар Петровиќ кој потоа доби жесток одговор од Задар за потоа братот на Дражен да објави официјален документ кој ги потврдува неговите зборови.


