Првпат во историјата, турската репрезентација има можност да освои медал на првенство што се организира надвор од земјата, но за тоа ѝ е потребна барем една победа на последните два меча.
Турција, заедно со Германија, е непоразена на овој шампионат и впечаток е дека со квалитетот заслужува да се бори за титулата. И турскиот стручњак, роден во Скопје, Окрај Махмути смета дека оваа селекција има големи шанси да оди до крај.
„Таа турска репрезентација никогаш не освоила злато. Стигна до сребрен медал и тогаш тоа се чинеше како подвиг, но сега се пишува друга приказна. Според мене, ова е најдобра турска репрезентација на сите времиња. Има квалитет, талент, енергија и многу добар тренер“, коментира Махмути пред денешниот натпревар на Турција против Грција.
Балканската пресметка ќе се одигра од 20 часот. Турција стигна до финалето во 2001 година и на домашен терен загуби од Србија, додека Грција не играла во мечот за титулата од 2005 година кога го освои трофејот во дуел против Германија во Белград.


