Легендата на југословенската кошарка Зоран Славниќ остро го искритикува Никола Јокиќ поради тоа што често е отсутен од настапите на српската репрезентација.
Кошаркарот на Денвер Нагетс често го нема во националниот тим, а и кога играше, Србија не успеа да оствари значаен успех.
„Толкаво отсуство на патриотизам што тоа е веќе фрапантно. Како може срцето толку да не ти работи за својата својата, од пет повици, си одбил четири. Што се однесува до играчките квалитети, тоа е ужас колку е добар, паметен и креативен“, изјави Славниќ.
Критиките од легендата доаѓаат во период кога се очекува конечен одговор од Јокиќ дали ќе игра за српската репрезентација на Олимписките игри во Париз. Србија за противник во групата ги доби САД кои најверојатно ќе заминат за Франција со голем број ѕвезди во својот состав.