Еден од најатрактивните кошаркари во НБА, Џа Морант многу веројатно ја игра последната сезона во тимот на Мемфис кој во 2019 година го избра како втор пик на драфтот.
Американските медиуми најавуваат негов трејд претстојното лето, а како негова следна дестинација се спомнуваат Мајами, Орландо и Хјустон. Ваков развој на настаните би бил големо изненадување бидејќи не само што Морант е еден од најзаслужните за моменталниот пласман на Мемфис (второ место на Западот), туку Гризлис го издржаа неговото проблематично однесување минатите години и сега, кога тој е смирен и нема повреди, би се откажале од него за кошаркар кој допрва треба да се навикнува на тимот.
Морант оваа сезона просечно постигнува по 20,7 поени, 7,4 асистенции и 4,3 скока, а од крајот на ноември е стандарден во тимот.


