Репрезентативците на Словенија го искалија целиот свој бес на судиите по денешниот пораз од Германија во четвртфиналето од Европското првенство.
Арбитрите имаа неколку дискутабилни одлуки за кои Словенците тврдат дека биле на нивна штета, а кои го одлучија победникот. Особено ја потенцираат разликата во слободните фрлања, 12 повеќе за Германија.
„Не може вака да се игра кошарка, судиите се причина поради која загубивме. Тие имаа 37 слободни фрлања од 99 поени, па направете математикка. Првата техничка грешка го сврте џелиот натпревар и според мене, тоа не е нормално. Доаѓаме тука по два месеца подготовки, не сме си ги виделе семејствата и некој си игра со нас“, бесен беше центарот Ален Омиќ.
Од 37. изведени слободни фрлања, Германците погодија 30, додека словенечките кошаркари добија 25 и реализираа 20.


