Грчкиот репрезентативец и член на Панатинаикос, Костас Слукас не планира уште долго да игра кошарка и покрај тоа што се наоѓа во одлична форма и беше еден од најзасалужните што атинскиот клуб ја освои Евролигата минатата сезона.
Неговиот договор со ПАО важи до 2026 година и, како што стојат работите, би можел да биде последен во неговата професионална кариера.
„Не мислам дека приказната за Костас Слукас ќе трае предолго. За 2-3 години најверојатно ќе се повлечам, така мислам. Сакам да завршам на високо ниво, со тим кој е успешен“, рече Слукас.
Минатото лето тој предизвика земјотрес во кошаркарска Европа откако премина од Олимпијакос во Панатинаикос, но тоа се покажа одличен потег и за него и за клубот.


