Новоформираниот кошаркарски клуб Дубаи ќе добие нов потпретседател и директор откако Ѓорѓе Ѓоковиќ одлучи да си замине и тоа на самиот почеток на функционирањето.
Братот на Новак Ѓоковиќ ги извршуваше двете функции и беше еден од идејните творци на проектот поради што заминувањето претставува големо изненадување за сите. Неговото место ќе го заземе Салем Бин Дасмал кој во клубот влезе пред два месеца.
Се уште не е познато зошто Ѓоковиќ се одлучи на ваков потег, но тоа нема да влијае на амбициите на клубот за следниот период.


