Еден од најдобрите странски кошаркари кои настапувале во Македонија, Дерин Говенс официјално си замина од ТФТ, по две сезони поминати во клубот.
Неговото заминување е шок за сит што ја следат македонската кошарка бидејќи иако 39-годишен, Говенс беше лидер на тимот на ТФТ, а имаше и договор на уште една сезона. Со него во составот, ТФТ две сезони по ред го завршуваше првенството како најдобар во основниот дел, а последната кампања стигна и до финалето во АБА 2 лигата.
„Завршивме еден заеднички циклус во кој постигнваме што можевме и благодарни сме што го имавме, но дојде време да тргнеме секој во своја насока. Остануваме големи пријатели и му посакуваме се најдобро во иднина“, изјави за КОШ.МК, тренерот на ТФТ, Боро Смилковски.
Говенс имаше фантастична кариера, најголем дел од неа помина во Унгариа, но играше и во поранешниот европски шампион Лимож, потоа во Русија, Исланд, Израел итн.


