Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ уште еднаш покажа колку е вљубен во коњите и коњичките спортови.
На познатата трка Дужијанци во Суботица, неговиот коњ Демон Делест ја однесе победата, а српскиот кошаркар не ги криеше емоциите – плачеше од среќа покрај патеката. Многумина забележаа дека тој е посреќен по овој триумф, отколку кога три пати беше прогласуван за МВП во НБА лигата и освои титула во НБА.
🃏 Nikola Jokić u suzama nakon pobede na čuvenoj Dužijanci u Subotici! pic.twitter.com/2gOWM9YZj8
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) July 27, 2025
„Реков претходните денови – сите свои големи победи и порази ги доживеав во овој спорт. Ова за мене е повеќе од хоби, луѓето кои се занимаваат со него ми се пријатели и семејство. Ова не собира, не исполнува и потсетува дека животот може да биде убав“, рече Јокиќ низ солзи.
Искрениот однос кон коњите и луѓето околу нив, уште еднаш го покажа карактерот на Јокиќ, како и тоа дека неговиот карактер ги надминува спортските граници. Иако е НБА шампион, неговите емоции во Сомбор и Суботица зборуваат колку му значи овој дел од животот.


