Македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ во новата сезона ќе настапува за друга екипа во НЦАА лигата.
Пред две недели тој објави дека си заминува од Стони Брук каде настапуваше како дебитант минатата сезона, а преодниот рок во НЦАА почна на 7 април. Со оглед на тоа што за него беа заинтересирани неколку универзитети низ САД, до денеска ги разгледуваше понудите за на крајот да ја избере најдобрата.

Од идната сезона, тој ќе настапува за Универзитетот Јужна Флорида со кого се договори денеска. Најпознато име од овој универзитет е поранешниот плејмејкер Чаки Еткинс кој настапуваше за десетина тимови во НБА, а во 2004 година со Детроит ја освои шампионската титула. Покрај него, таму играл и некогашниот член на Макаби, Дерик Шарп. Бројот 12 на Еткинс е повлечен од употреба, заедно со 30 на Чарли Бредли и 31 на Раденко Добраш.
Јужна Флорида се натпреварува во Американската конференција, а последната сезона ја заврши на второто место, зад Тулса, со биланс 25/8. Сепак, испадна во првото коло, исто како и Стони Брук откако загуби од Лујвил со 79-83.


