Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски синоќа го одигра најдобриот натпревар во својата кариера и ги воодушеви навивачите на Тренто.
Италијанскиот тим загуби од Кемниц на домашен терен, но нашиот кошаркар беше најсветла точка во екипата. Постигна 30 поени што е негов рекорд во Еврокупот и покажа дека се наоѓа во фантастична форма пред почетокот на претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
View this post on Instagram
Јакимовски го имаше на секој дел од теренот, се покажа и во скокот, прифаќајќи осум топки под кошевите и со индекс 31 беше најдобар играч во екипата на Тренто.


