Драматичната ситуација во Кошаркарскиот клуб Работнички последните денови го предизвика советникот во Општина Центар, Ненад Матевски да почне иницијатива за спас на 15-кратниот шампион на Македонија.
Матевски поднел барање за свикување на вонредна седница на која би се расправало за финансиската состојба во Работнички.
„Читајќи ги медиумите за случувањата во Кошаркарскиот клуб Работнички кој е во 100% сопственост на Општина Центар, решив како совеетник да поднесам барање за свикување вонредна седница согласно член 40, став 1 од законот за локална самоуправа со цел:
- Прераспределба на средства за помош на КК Работнички во износ од 4 милиони делнари, со цел решавање на финансиските потребни на клубот.
За оваа иницијатива за вонредна седница имам поддршка од осум советници и истата иницијатива ќе ја доставам до претседателот на совет на Општина Центар и барам да биде закажана во рок од 24 часа од неизниот прием. Што поскоро ќе ја доставам иницијативата за спас на срцето на градот“, порача Матевски.
Во текот на денов и навивачката група Сити Парк Бојс излезе со барање за што побрзо решавање на проблемите во клубот, имајќи предвид дека новата сезона треба да почне претстојниот викенд.


