Валенсија на фантастичен начин ја почна новата сезона откако синоќа триумфираше во Суперкупот на Шпанија, победувајќи го Реал во финалето.
Во мечот за трофејот блесна младиот Серхио де Лареа кого Шпанците го сметаат за еден од најголемите таленти во моментов, не само во земјата, туку и во Европа и дури тврдат дека идната година може да биде избран како прв пик на НБА драфтот. Де Лареа во финалето постигна 21 поен со шут од игра 5/7 и 9/10 од линијата за слободни фрлања, вклучувајќи 8/8 во последните минути кога се решаваше прашањето околу победникот.
Како резултат на ова, Де Лареа беше прогласен за МВП на Суперкупот како најмлад во историјата со 19 години и 9 месеци, соборувајќи го рекордот на Тијаго Сплитер.


