Репрезентацијата на Шпанија е нов европски шампион во јуниорска конкуренција откако во финалето од првенството во Белград ја совлада Франција со 82-81.
Освојувачот на титулата беше решен на најдраматичен можен начин – со тројка во самиот финиш од натпреварот. Шпанците направија голем пресврт имајќи предвид дека на стартот од последната четвртина беа во негатива од 11 разлика, а кошот за победа го постигнаа на секунда пред крајот.
INCREDIBLE!!!! 🤯 GUILLERMO DEL PINO KNOCKS DOWN THE THREE-POINTER AND SPAIN 🇪🇸 ARE #U18EUROBASKET CHAMPIONS! 🏆 pic.twitter.com/aL3SS1mGig
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 3, 2025
Херој на Шпанците беше Гиљермо дел Пино кој постигна тројка и со тоа го комплетира големиот пресврт. Тој беше и најефикасен играч на натпреварот со 23 поени, Уелвес додаде 16, а Бланко 9. Во француската репрезентација, Јонас Булеф постигна 19 поени.
Ова е шеста титула за Шпанија во јуниорска конкуренција во историјата, а трета на последните пет изданија од Еуробаскетот. Шпанците имаат и најмногу медали на овие манифестации (15), но со најмногу златни медали се уште е СССР – 8. Бронзата ѝ припадна на Италија која во „малото финале“ ја совлада Летонија со 86-68.


