Грчката кошаркарска легенда Василис Спанулис ја заврши својата мисија во Перистери и синоќа објави крај на престојот во овој клуб.
Го водеше две сезони и од просечна грчка екипа успеа да го направи трета сила во земјата, зад неприкосновените Олимпијакос и Панатинаикос. Оваа година стигна и до завршниот турнир од Лигата на шампионите што исто така е голем успех.
„Управата одлучи дека не сака да продолжи со овој план што го имаме. Тоа е нешто што мора да го почитуваме, имавме прв и втор разговор, но не најдовме заедничко решение. Се чувствувам благословено што ова ја почнав својата тренерска кариера. Сите направија одлична работа и горд сум на резултатите“, изјави Спанулис.
Грчките медиуми тврдат дека за него се заинтересирани два евролигашки клуба, но не е познато кои се тие. Се претпоставува дека едниот е Басконија која во моментов е без тренер откако ја прекина соработката со Душко Ивановиќ.


