Претстојното лето на програмата е Европското кошаркарско првенство што ќе се одржи во Финска, Кипар, Полска и Летонија, а репрезентациите веќе ги прават плановите за подготовките.
Селекцијата на Србија веќе знае со кого ќе се подготвува. Се собира на 28 јули во Стара Пазова каде во раната фаза ќе одигра пријателски дуели со БиХ и Полска, најверојатно зад затворени врати. Потоа се сели на Кипар каде ќе учествува на турнир со домаќинот, Грција и Израел, а потоа оди на Суперкупот во Минхен, со Германија, Чешка и Турција.
Спектаклот е резервиран за крај, на 21 август во Белград ќе гостува репрезентацијата на Словенија што за двата тима ќе биде генерална проба пред Еуробаскетот. Ако нема неочекувани промени, тоа би бил уште еден директен дуел на двете мега-ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, овојпат на репрезентативно ниво.
Европското првенство почнува на 27 август, Србија е во групата во Рига, а Словенија во Катовице.


