Актуелниот европски шампион Фенербахче ја продолжи победничката серија откако вечерва го совлада Панатинаикос како гостин со 85-83.
Тоа е 12. триумф во низа за тимот од Истанбул во сите натпреварувања што најдобро зборува за одличната форма на составот на Шарунас Јасикевичиус. Натпреварот беше исклучително неизвесен, екпите постојано го менуваа водството, а во ниту еден момент ниту еден тим немаше двоцифрена предност.
Сè се сведе на последните неколку напади, во кои играчите на Шарунас Јасикевичиус успеаја да се снајдат подобро – и тоа само за влакно. Најмногу благодарение на лошата игра на противникот. Не треба да се потценува одличната одбрана на турскиот првак при резултат 78-78, но тимот на Ергин Атаман си беше најголемиот противник сам на себе – најмногу поради притисокот на Нан.
OMG WADE BALDWIN IV WINS IT RIGHT AT THE END 🤯🤯🤯 pic.twitter.com/GMwkyzWQbf
— EuroLeague (@EuroLeague) February 13, 2026
Раката на Болдвин не затрепери, ниту пак на Такер од линијата за слободни фрлања, па резултатот беше 82-78 за гостите. Следуваше брза тројка на Ернангомез на нешто повеќе од 10 секунди до крајот, што им даде надеж на домаќините. ПАО успеа да направи брз фаул врз Јантунен, а Финецот му даде надеж на грчкиот тим со тоа што промаши еден од двата шута од линијата за слободни фрлања. Шортс ја зеде топката и во брз контранапад ја смести во кошот за 83-83 на 2,5 секунди пред крајот за експлозија во ОАКА.
И кога сите очекуваа продолженија – уште еден пресврт. Акцијата од страна одеше преку Вејд Болдвин кој шутираше надвор од рамнотежа при звукот на сирената и погоди за шок и неверување кај домашните навивачи.
Најефикасен на натпреварот беше Тарик Биберовиќ со 26 поени. Вејд Болдвин постигна 13 поени и девет асистенции, Микаел Јантунен 11, а Нандо де Коло 10 и осум асистенции. Кај гостинскиот тим, Хуанчо Ернангомез оствари дабл дабл со 18 поени и 12 скока, а Кендрик Нан 17 поени, пет скока и четири асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис – Хапоел 93-82
Монако – Басконија 102-92
Панатинаикос – Фенербахче 83-85
Олимпија Милано – Дубаи 78-96
Партизан – Реал 73-77


