По примерот на НБА, Евролигата ќа има спектакуларно отворање на сезоната со турнир што ќе се одржи во Дубаи.
Домаќинот на турнирот претстојната сезона нема да игра во елитното европско натпреварување, но има амбиција таму да се вклучи за неколку години, а со овој спектакл сака да покаже со што располага во моментов. Турнирот ќе се одржи на 10 и 11 септември, три недели пред почетокот на новата сезона во Евролигата, а на него ќе учествуваат последните два европски шампиони Панатинаикос и Реал Мадрид, како и Црвена Звезда.
Нешто порано, пред крајот на септември Дубаи ќе дебитира во АБА лигата, а прв гостин ќе му биде токму Црвена Звезда.


