Кошаркарскиот клуб Партизан соопшти дека во првата фаза од обновувањето на сезонските билети за новата сезона досега се обновени повеќе од 6.000 претплати.
Навивачите кои веќе поседуваат сезонски билети имаат можност да ги искористат попустите и повластените услови уште во текот на денешниот ден, до 20 часот. Сепак, бројката од над 6.000 обновени сезонски билети претставува значително послаб одѕив во споредба со истиот период минатата година. На крајот од првата фаза за сезоната 2025/26, Партизан објави дека биле обновени повеќе од 11.500 сезонски билети.
„И нема крај на нашата љубов… До сега се обновени над 11.500 сезонски билети!“, порача клубот тогаш преку социјалните мрежи.
Сепак, актуелната бројка не треба да се толкува како конечен показател за интересот на навивачите, освен можеби на оние најжестоките. Следува втората фаза од продажбата, во која ќе можат да купат сезонски билети и оние навивачи кои досега немале претплата.
Партизан зад себе има бурно лето, со значителни промени во играчкиот кадар. Тимот го предводи шпанскиот стручњак Жоан Пењароја, кој во пресрет на сезоната истакна дека му се потребни уште две засилувања за составот да биде целосно комплетиран. Во новиот ростер се наоѓаат имиња како Карлик Џонс, Лука Вилдоса, Вања Маринковиќ, Жофри Ловерњ, Алесандро Пајола, Кевариус Хејс и Тони Џекири, а во тимот се приклучија и други нови играчи.
Се чини дека еуфоријата кај навивачите на Партизан спласна уште есеноска, со заминувањето на Жељко Обрадовиќ. Најтрофејниот европски тренер од пред неколку месеци повторно е во Панатинаикос каде сега се случува тоа што го имаше Партизан пред 2-3 години.


