Српската репрезентација има изненадувачки високо водство по првото полувреме од полуфиналниот дуел против САД.
На голем одмор, Србите заминаа со предност од 11 разлика (54-43) откако го надиграа својот противник во секој елемент, а највисоката разлика која ја имаа изнесуваше 17 поени (42-25). Освен што играат добра одбрана, српските кошаркари функционираат одлично во нападот каде погодија 10 тројки од 18 шута.
Единствената светла точка ка Американците е Стеф Кари кој реализира шест тројки и на пауза замина со 20 поени. Алекса Аврамовиќ е прв стрелец во српската репрезентација со 15 поени, вклучувајќи четири тројки од шест шута.


