Со прес-конференција во 18 часот, денеска официјално почнуваат подготовките на српската кошаркарска репрезентација за Олимписките игри во Париз.
Прес-конференцијата ќе се одржи во Белград, а веднаш потоа екипата се сели во Стара Пазова каде ќе тренира изолирана од јавноста. На првиот тренинг се очекуваат 15 кошаркари, меѓу кои и Никола Јокиќ кој официјално не се произнел околу тоа дали ќе игра на Олимписките игри, но неговото име фигурира уште откако селекторот Светислав Пешиќ го објави списокот на кошаркари.
Својот настап во Париз веќе го откажа Владимир Лучиќ поради повреда, а неизвесна е ситуацијата со Никола Јовиќ кој повреден дојде од САД, но Пешиќ тврди дека не се работи за нешто сериозно и дека има доволно време да заздрави.
Србите ќе тренираат во Стара Пазова десетина дена, а првите контроли ќе ги имаат на 5 и 7 јули, против Холандија и Турција, зад затворени врати. Првиот официјален пријателски дуел е на 12 јули против Франција во Лион по што следуваат пресметките со Австралија и САД во Абу Даби. Генералната проба за Олимписките игри е на 21 јули во Белград против Јапонија.


