По пет титули во низа, 3х3 репрезентацијата на Србија го препушти европскиот трон во овој спорт откако денеска загуби во финалето од шампионатот што се одржуваше во Виена.
Нов континентален првак е Австрија која со ова го освои својот прв медал воопшто во 3х3. Во финалето, Австријците ја совладаа Србија со 18-17 и приредија сензација бидејќи сите веќе ја видоа српската репрезентација со шестиот пехар по ред.
Австрија подобро го отвори мечот, поведе со 6-2, но Србија се врати, намали на 9-10, а подоцна и дојде до предност од 14-12. До крајот, домаќинот направи нов пресврт, поведе со 18-16, но Србија намали и во последните секунди се влезе со еден поен предност за Србија. Во самиот финиш, Стојачиќ има изгледна позиција за двојка, а со тоа и со победа, но не беше прецизен.
Среброто од Европското првенство е, сепак, подобар резултат за Србите од оној на Олимписките игри каде испаднаа во четвртфиналето. Бронзениот медал го освои Литванија која на третото место беше и на Олимписките игри во Париз.


