Иако се одиграни само две кола од квалификациите, српската репрезентација е многу блиску до пласман на Европското првенство во 2025 година.
По триумфот против Финска на домашен на отворањето, Србите вечерва славеа на најтешкото гостување во овој циклус, во Грузија со 76-63 и со максимален ефектб застанаа на првото место во групата. Со победи против Данска во следните две кола, во ноември, Србија дефинитивно ќе го завери пласманот на Еуробаскетот, имајќи предвид дека три репрезентации од групата одат на шампионатот, а Финска има загарантирано учество, како ко-домаќин.

Српската репрезентација и вечерва беше далеку од најсилниот состав, но сепак со голем број евролигашки кошаркари во своите редови. Најефикасен беше Гудуриќ со 16 поени, Маринковиќ додаде 15, а Аврамовиќ 12. Кај Грузијците се истакнаа Шенгелија со 19 и Томасон со 13 поени.
По денешните натпревари од квалификациите, максимален ефект имаат уште Франција, која славеше на гости кај БиХ и Грција која ја совлада Холандија.


