Репрезентациите на Србија и БиХ синоќа во Белград одиграа пријателски натпревар зад затворени врати, а триумфираше домашната селекција со 126-89.
Со оглед на тоа што мечот не беше од јавен карактер, немаше објавено ни статистика од него, но денеска српските медиуми открија детали од неа. Очекувано, доминирал Никола Јокиќ кој бил на чекор од трипл дабл со 20 поени, 19 скока и 9 асистенции, Петрушев постигнал 20, а Вукчевиќ 14 поени.
Во босанската репрезентација Амар Алибеговиќ завршил како прв стрелец со 22 поена, еден повеќе од Џанан Муса.
Вечерва Србите ќе одиграат уште еден подготвителен натпревар, против Полска исто така од затворен карактер, а во текот на викендот ќе учествуваат на турнир на Кипар, заедно со домаќинот и со Грција.


