Србија беше на чекор до уште една победа над Франција, но на крајот доживеа драматичен пораз со 90-91 во вториот меѓусебен пријателски натпревар.
По триумфот од 90-87 во Белград, избраниците на Душан Алимпијевиќ овојпат гостуваа во Орлеан, каде што одиграа две целосно различни полувремиња. Србија го започна натпреварот подобро и по првите десет минути имаше предност од пет поени, но Франција во втората четвртина направи серија од 10-0 и целосно го презеде контролата. На пауза домашните имаа убедливи 54-35.
Србија, сепак, не се предаде. Во второто полувреме „орлите“ заиграа значително подобро, а Никола Јокиќ со тројка го намали заостатокот на едноцифрена разлика. Потоа следуваше и серија на Алекса Аврамовиќ, по која Србија се врати во игра.
Уште поголем пресврт следуваше во последната четвртина. Никола Јовиќ и Огњен Добриќ погодија од далечина, а потоа и Немања Дангубиќ постигна тројка за Србија да стигне до водство. Франција повторно се врати, а во драматичната завршница Руди Гобер со атрактивно забивање донесе плус шест за домаќините.
Сепак, Србија не се откажа до самиот крај. Марко Гудуриќ погоди во последните секунди и ја доведе својата репрезентација во водство од еден разлика, но Французите имаа последен напад. Џејлен Хоард го презеде ударот и со полагање во последниот момент, со звукот на сирената, ѝ ја донесе победата на Франција од 91-90.
Најефикасен во српскиот состав беше Никола Јокиќ, кој одигра фантастичен натпревар со 34 поени и 13 скока. Никола Јовиќ постигна 13 поени, Марко Гудуриќ 11, додека Огњен Добриќ заврши со осум. Кај Франција најдобар беше Силвен Франциско со 20 поени, додека Виктор Вембањама постигна 18.
Пред двете репрезентации се нови дуели од квалификациите за Светското првенство во 2027 година и тоа од втората фаза која стартува претстојната недела.


