Репрезентацијата на Србија во 3х3 се повлече од Медитеранските игри во Тарантооткако претходно одби да игра против селекцијата на Косово.
Според информациите од Италија, Србија била извлечена во групата Ц, заедно со Турција, Португалија и Косово. Сепак, денеска, за кога беше закажан директниот дуел, српската репрезентација повеќе не се појавувала во групата.
Кошаркарскиот сојуз на Србија засега не излезе со официјално објаснување за одлуката, додека Кошаркарскиот сојуз на Косово потврди дека Србија се повлекла од натпреварувањето.
Ова беше прв планиран директен дуел меѓу двете селекции во баскет 3х3 на Медитеранските игри. Во останатите спортови, меѓутоа, веќе имаше неколку меѓусебни пресметки.
Првите дуели се одржаа во теквондо, каде што Жарко Крајишник ја победи косовската репрезентативка Елион Агуши со 2-0, додека Јана Лукиќ со идентичен резултат славеше против Рона Гаши.
Во боксот, пак, Донјета Садику во финалето до 60 килограми ја совлада Кристина Кулахова со одлука на судиите 4-0. Кулахова, која е Русинка, но настапува за Србија, не се појави на церемонијата за доделување на медалите.
Последниот директен дуел пред баскетот беше во џудо, каде што Михајло Симин ја совлада Даран Цену во четвртфиналето во категоријата до 81 килограм, по продолжение.


