Речиси сите репрезентации ги почнаа подготовките за претстојното Европско првенство, некои стартуваа и со пријателски натпревари, а ФИБА врз основа на составите, направи рангирање на селекциите.
Според врвната европска кошаркарска организација, прв фаворит за титулата е репрезентацијата на Србија која ќе настапи безмалку во истиот состав како на Олимписките игри во Париз лани. Секако, најголем адут на Србите е Никола Јокиќ, но и останатите кошаркарски ѕвезди гарантираат дека оваа репрезентација ќе атакува на првото злато од осамостојувањето.
Thoughts on Volume 2 of the #EuroBasket Power Rankings powered by @LiveSmart? 👀
📊 Full list: https://t.co/Xq3ZAgjX6L pic.twitter.com/1ENxoOheEg
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 5, 2025
Зад Србија се наоѓа Германија која првпат ќе игра на големо натпреварување со новиот селектор Алекс Мумбру, додека на третото место е олимпискиот вицешампион Франција која направи големо подмладување на тимот.
Актуелниот европски првак Шпанија се наоѓа дури на осмата позиција и покрај тоа што често во минатото знаел да изненади.


