Проектот Лондон Лајонс по се изгледа колабира, па досегашниот тренер на овој тим Петар Божиќ ќе мора да си бара нова средина.
Ако се остварат шпекулациите, новото сценарио за него би било одлично бидејќи идната сезона би можел да води екипа во Евролигата. И тоа не која било, туку новиот евролигаш Париз чиј член е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Сегашниот тренер на Париз, Томас Исало има понуди од НБА лигата каде Вашингтон и Денвер се заинтересирани да го видат во својот стручен штаб. Ако прифати една од понудите, тогаш тренерската позиција во Париз ќе остане празна и тоа е добра можност за Божиќ да учествува во Евролигата.
Српскиот стручњак го водеше Партизан на почетокот на својата кариера, потоа беше во Развојната лига во САД, како тренер на Остин Спарс, а лани го презеде Лондон Лајонс.


