Екипата на Кливленд го доживеа вториот пораз во низа откако ноќеска загуби на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 119-132.
Во преден план беа двајцата кошаркари од просторите на поранешна Југославија и покрај тоа што се истакнаа уште неколку играчи. Хрватскиот репрезентативец Ивица Зубац беше втор стрелец на мечот, но оствари монструозен дабл дабл со 28 поени и 20 скок, додека Србинот, Богдан Богдановиќ заврши со 20 поени и стана прв кошаркар во историјата на Клиперс кој имал 100-процентен ефект од игра со најмалку осум шута (8/8).
Кавај Ленард беше најефикасен на мечот, постигнувајќи 33 поени, но се истакна и Харден со 22 поена.
Кливленд и покрај поразот се уште е убедливо прв во Источната конференција со шест победи повеќе од второпласираниот Бостон и натпревар помалку. Екипата веќе го обезбеди пласманот во плејофот, но до крајот на основниот дел од сезоната ќе се обиде да ја задржи челната позиција со што би имала предност на домашен терен во плејофот.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Атланта 102-134
Бостон – Бруклин 104-96
Голден Стејт – Милвоки 104-93
ЛА Клиперс – Кливленд 132-119


