Бројни српски медиуми вечерва објавија информација дека капитенот на Партизан, Кевин Пантер ќе го напушти овој клуб и кариерата ќе ја продолжи во Макаби.
Дури тврдат дека се е договорено и дека Пантер се откажал од една плата со цел да го овозможи трансферот. Капитенот на „црно-белите“ има договор со Партизан до крајот на идната сезона и затоа изненадувачки звучеше можноста да си замине.
Веста веднаш ја демантираше менаџерот на Пантер, Харис Пападопулос кој тврди дека нема никаква вистина во овие пишувања. Партизан летово планира реконструкција на екипата, но таа по се изгледа нема да го фати искусниот бек.


