Претседателот на Србија, Александар Вучиќ остро го нападна Партизан и Црвена Звезда, еден ден по финалето од Купот „Радивој Кораќ“.
По се изгледа, причина за неговата лутина ни нападот е изјавата на Жељко Обрадовиќ кој по поразот во финалниот меч, на прес-конференцијата луто изјави дека Партизан не е државен проект, како што сакаат да го прикажат навивачите на Црвена Звезда, туку сам се финансира. Денеска, на редовно неделно гостување на едно од српските телевизии, Вучиќ удри и по него и по двата најтрофејни клубови.
„Ова е еден одвратен напад на државата кој се случува секој ден. И од Црвена Звезда неретко. Вистината е дека не би било ништо од Звезда и Партизан без државата. Ниеден клуб во Европа нема таква поддршка од државата како Партизан и Црвена Звезда.
Плаќаме огромни суми, им излегуваме во пресрет околу даноците, државата на приватниците им вели да ги поддржи клубовите за кои не навиваат. Партизан осум години не би играл ниеден европски натпревар без нас, целосно би пропадна, секогаш ние ја плаќавме лиценцата. На Звезда не ѝ плативме во 2014 година и тогаш не играше во европските купови. Ние немаме приватни клубови и затоа морам да ги трпам сите навреди.
Сакате да земете пари, а да зборувате пари дека овој другиот е миленик. Не би постоеле без државата, немојте да ве лажат. Со живот гарантирам, на денешен ден Партизан должи шест, а Звезда 1,2 милиони евра“, изјави Вучиќ.
Како резултат на неговиот напад, денеска Партизан и Црвена Звезда, кои ги водат луѓе од неговата партија, денеска ги објавија податоците од финансиското работење.


