Утре во Самоков почнуваат квалификациите за новата сезона во Лигата на шампионите на кој ќе учествува и македонскиот прволигаш Пелистер.
Противник на битолчани ќе биде италијанскиот тим Реџана од Реџо Емилија која го најави натпреварот на интересен начин – со поздрави меѓу играчи на двете екипи. Од македонска страна, тоа беше Бобан Стајиќ, додека од Реџана поздрави испрати Микеле Витали.
„Здраво Бобан, здраво Пелистер Битола, со нетрпение го очекуваме нашиот дуел в петок и новата авантура. Конечно се враќаме на терен, се гледаме“, порача Витали.
Стајиќ го возврати поздравот и посака двете екипи да уживаат во натпреварот кој ќе го одреди патникот во полуфиналето.
„Здраво Микеле и здраво за целиот тим на Реџана. Возбудени сме поради извонредниот дуел што не очекува, пред се бидејќи тоа е наш прв европски натпревар во историјата на клубот. Се надевам на убав меч и да уживаме во него“, одговори Стајиќ.
Мечот меѓу Пелистер и Реџана се игра утре од 15:30 часот, а победникот се среќава со подобриот од дуелот на Орадеа од Романија и Антверп од Белгија.


