Дебитантската сезона на Ти Џеј Шортс во Евролигата засега е одлична, ако се имаат предвид неговите индивидуални параметри.
Париз се уште се пролагодува на животот во елитата и на пет меча, оствари само две победи, но затоа блеска македонскиот репрезентативец кој е најпријатно изненадување во Евролигата. По пет одиграни кола, Шортс е при врвот во неколку статистички категории и тоа оние најважните.

Засега тој е втор стрелец во елитното европско натпреварување со просек од 19,8 поени по меч. Пред него е само Карсен Едвардс од Баерн кој досега постигнуваше по 20,6 поени, а зад Шортс се играчи како Кевин Пантер (18,4), Тео Маледон (18,2) и Кендрик Нан (17,4).
Шортс и втор најкорисен играч во Евролига со просечен индекс од 24,6. Подобар од него е единствено Факундо Кампацо со 25,3. Покрај сето ова, македонскиот репрезентативец е и на третото место на листата на најдобри асистентии со 7,6, зад Тамир Блат со 9 и Кампацо со 8.


