На девет дена пред првиот од двата натпревара во јулскиот „прозорец“ на ФИБА, македонската кошаркарска репрезентација ја засили конкуренцијата со уште еден натурализиран играч.
Откако минатата година доби пасош, првпат со националниот тим ќе биде членот на Олимпија Милано, Нејт Сестина кој доби повик од селекторот Жосеп Марија Берокал. Тој требаше да дебитира уште на стартот од претквалификациите, во ноември, но тогаш беше повреден, па предност добија Омари Мур против Азербејџан и Џејкоб Вајли против Ирска.
Сестина има долго искуство во европската кошарка, последната сезона ја помина во Олимпија Милано, а претходно играше во Валенсија, Фенербахче, Турк Телеком, Меркезефенди и Хапоел Холон. Во Скопје би требало да пристигне утре и да се приклучи на подготовките, а веројатно ќе биде во комбинација и за возвратниот дуел против Бугарија, в четврток во 18 часот.
На него, составот на македонската репрезентација во драстично изменет состав во однос на неделниот дуел во Самоков бидејќи покрај Сестина, тука се уште вториот Американец, Ди Џеј Стјуард, потоа Андреј Јакимовски и капитенот Војдан Стојановски.


