Српскиот стручњак Дејан Милојевиќ денеска беше погребан во Белград откако пред речиси еден месец ненадејно почина во Солт Лејк Сити.
На неговото последно испраќање присуствуваше и неговиот шеф, првиот тренер на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер под чија палка работеше Милојевиќ последните 2,5 години.
„Еден од најтрофејните НБА тренери Стив Кер, како многубројни членови на организацијата Голден Стејт поминаа огромен пат за денеска во Белград да му оддадат последна почит на својот пријател и колега, нашиот Дејан Милојевисќ. Гест кој предизвикува голем респект и гест кој никој од нас на кои Дејан ни беше драг, нема да го заборавиме“, напиша, меѓу другото, менаџерот на Милојевиќ, Мишко Ражнатовиќ.
Судбината сакаше Милојевиќ да биде погребан неколку часа пред натпреварот на Голден Стејт токму против Јута Џез, во Солт Лејк Сити, каде што и почина. Вечерва тимот нема да го води Кер, туку неговиот асистент Кени Еткинсон.


